За нас

Номис д.о.о. е компанија основана во 1998 година, со седиште во Загреб.

Дејноста е дистрибуција на полимерни материјали-гранулати, бои и адитиви за полимерни материјали, машини за бризгање и екструзионо дување на пластика, периферни уреди, подвижни ленти и средства за подмачкување и заштита на опремата и алатите.
Ние сме официјален дистрибутер или претставник на следниве светски производители:
Полимерни материјали (гранулати): BASFBorealisLanxessBayerCovestro, MOLSynthosElix.
Бои и адитиви за полимерни материјали: Clariant и Lifocolor
Средства за заштита и подмачкување на алати и машини: Chem Trend
Машини за бризгање: Arburg
Машини за дување: Kautex и Plastiblow
Периферни уреди: Moretto, Greenbox и Rapid
Транспортни траки : Virginio Nastri
MIM печки: Elnik
Поголемиот дел од горенаведените производи, се на лагер во нашите магацини, од каде што можеме да вршиме дистрибуција на количини од минимум 25 kg (една вреќа) и повеќе, а по договор вршиме испорака на робата до крајните корисници.

Како официјални застапници нудиме инсталација, сервисирање и резервни делови за горенаведените машини и опрема.
Регионално, ја покриваме територијата на Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора.

Како ќерка компанија на Номис ДОО, Хрватска, во мај 2018, се отвори претставништво во Скопје, со цел да се подобри квалитетот на услугата, побрзо и пофлексибилно да се задоволат барањата на клиентите од регионот на Македонија, Србија, Албанија, Косово и Црна Гора.

Стратегија на компанијата е да обезбеди на клиентите професионална услуга, која вклучува високо квалитетни материјали и опрема, квалитетни и оптимални технички решенија со пропратна техничка поддршка врз основа на долгогодишното искуство.

Во согласност со политиката за развој и усовршување на работата во 2013 година, имплементиравме ИСО 9001: 2008 стандард, со цел за подобрување на нашата работа.
Прочитајте ја нашата Политика за приватност.