ULTRAFUSE® 316L филамент за 3D принтање

ULTRAFUSE® 316L филамент за 3D принтање

16. 1. 2020.
ULTRAFUSE® 316L филамент за 3D принтање

Компанијата Номис стана ексклузивен дистрибутер на ULTRAFUSE® 316L, филамент за 3D принтање за Југоисточна Европа!

Развиен за крајно едноставна употреба на конвенционалните 3D принтери за “Fused Filament Fabrication“ постапката за адитивно производство. Ultrafuse® 316L е иновативен филамент за производство на метални делови со квалитет на материјал 316L.

Ultrafuse® 316L се состои од пластомерно спојувачко средство и 90% од тежината се високо рафинирани метални честички. Со оглед на тоа дека материјалот кој што е метално-пластомерен композит, се обработува во облик на филамент, при употребата на овој материјал, не постојат ризици како што се присутни при употреба на фини метали во прав, со што процесот на 3D принтање од нерѓосувачки челик воедно го прават достапен, едноставен и безбеден.

Својства на метеријалот Ultrafuse® 316L

  • Се произведуваат делови од нерѓосувачки челик со квалитет 316L
  • Едноставна употреба
  • Изедначената поделба на честиците ги подобрува механичките својства
  • OSHA(Occupational Safety & Health Administration) – прилагодена преработка
  • Високата флексибилност на филаментот овозможува да се провлече преку системот за снабдување на материјал на кој било 3D печатач
  • Компатибилен со 3D принтери од типот Bowden, како и со 3Д принтери со директен погон на екструдер благодарение на употребата на лизгачка надворешна површина на филаментот

 

Примери за употреба на Ultrafuse® 316L материјалот

  • Алатничарство
  • Стеги и прихвати
  • Сериско производство
  • Функционални делови и прототипови