Конференција НОМИС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ

Конференција НОМИС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ

14. 12. 2018.
Конференција НОМИС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ

Одржана на 22 Ноември 2018

Номис Македонија ДООЕЛ официјално го означи почетокот на своето постоење во Македонија, со седиште во Скопје.

Како ќерка компанија на Номис ДОО, Хрватска, во мај 2018, се отвори претставништво во Скопје, со цел да се подобри квалитетот на услугата, побрзо и пофлексибилно да се задоволат барањата на клиентите од регионот на Македонија, Србија, Албанија, Косово и Црна Гора.

Во таа насока, на 22.11.2018 се организираше првата Конференција од областа на преработка и процесирање на пластика, заедно со сите долгогодишни соработници и врвни, светски производители на машини, додатна опрема и се она што го опфаќа овој сектор.

Посетителите на конференцијата имаа можност, да се запознаат со сите претставници и да ги слушнат и видат сите новитети што ги опфаќа оваа индустрија.

Свое учество во делот на конференцијата зедоа претставници на светските број еден производители на машини за преработка на пластика- ARBURG и KAUTEX, претставници на MORETTO-периферни уреди за пластика, претставник на RAPID- компанија за уреди наменети за мелење на материјали, FRIGEL- светски производител на системи за ладење на индустриска опрема, како и претставник на CHEM TREND- компанија за производство на средства за заштита и одржување на машини и алати.

Конференцијата ја збогатија компании и нивни претставници  од областа на пластиката кои го споделија своето долгогодишно искуство.

Тимот на Номис Македонија ДООЕЛ Скопје, како до сега, така и во иднина, Ви стои на располагање, во секое време да одговори на Вашите прашања, да Ви понуди соодветно решение за производствените проблеми како и да Ви овозможи соодветна техничка поддршка и третман за вашите машини.

Со почит,

Номис Македонија ДООЕЛ