Euro PM2018 Congress & Exhibition

Euro PM2018 Congress & Exhibition

11. 10. 2018.
Euro PM2018 Congress & Exhibition

Euro PM Congress & Exibition е Европски годишен конгрес и изложба на  металургија во прав, која ќе се одржи од 14 до 18 октомври во Шпанија, Билбао.

Почитувани пријатели,

Како овластени претставници на брендот Catamold BASF, Ве покануваме на Euro PM 2018. Euro PM Congress & Exibition претставува европски годишен конгрес и изложба на металургија во прав.

Оваа година, се одржува во Билбао, Шпанија од 14-18 октомври 2018, во изложбен центар Билбао. Повеќе од 100 компании чија дејност е металургија во прав, на површина од 5000 m2 , ќе претстават цел ланец на производи за набавка на маталургии во прав, почнувајќи од производители на суровини, добавувачи на опрема, па се до производители на компоненти и помошни услуги.

На самата изложба Euro PM2018 има и технички програми од светски класи каде што во времетраење од 3 дена, во над 300 технички презентации и семинари со посебен интерес ќе може да се видат најновите достигнувања на металургијата во прав (РМ).

Повеќе детали може да најдете на следниот линк:

https://www.europm2018.com/

Овој саем може да биде многу интересен и корисен без разлика дали се работи само за информирање за подобрување на Вашите производствени процеси или добивање идеи за нови проекти.

Доколку сакате да договорите состанок со нас на овој настан, достапни ќе бидеме на 16ти октомври, во работно време на саемот (09-18ч).

За сите дополнителни информации, контактирајте нé на vladimir.krsek@nomis.hr

Со нетрпение го очекуваме Вашето присуство!