Chem-Trend European Distribution Meeting за термопласти

Chem-Trend European Distribution Meeting за термопласти

12. 2. 2019.
Chem-Trend  European Distribution Meeting за термопласти

Компанија НОМИС, претставник на компанија Chem Trend на пазарот на Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Албанија и Косово, учествуваше на Европскиoт дистрибутивен состанок (European Distribution Meeting) на термопласти кој се одржа 22 до 24.01.2019, во Технолошкиот Центар за термопластика во Maisach, Германија.

Компанијата Chem-Trend е лидер на светскиот пазар за развој и производство на високо квалитетни средства за одржување и заштита на алати, одвојување, чистење и други хемиски специјалности и од таа причина отворила лабораторија за истражување и развој во градот Maisach, Германија. Новата лабораторија ќе ги подобри постојните можности за истражување и развој и ќе ја приклучи  Chem Trend  на мрежата на иновативни лаборатории ширум светот. Во овој нов простор се вложени 40 милиони евра и вклучува простор за истражување и развој, складирање, обуки и административни работи. Оваа голема инвестиција има за цел да ја зајакне одличната услуга, да ја подобри техничката поддршка и долгорочно да ги подобри развојните можности на своите клиенти.
На Европскиот Дистрибутивен состанок (European Distribution Meeting) беа презентирани и тестирани нови производи кои доаѓаат на пазарот а исто така дефинирана е и стратегија за тековната година. Акцентот е ставен на практичен дел за да се обучуваат дилерите за употреба на Chem-Trend и во најдобар случај можат да ги презентираат резултатите и заштедите што се постигнуваат со нивната употреба. Во усовршувањето и обуката активно учествуваа и претставници на компанијата НОМИС, со цел да бидат во тек со актуелните случувања и да можат да информираат и да ги едуцираат своите купувачи за новитетите и истовремено да им овозможат подобра техничка поддршка.