ARBURG Технолошки денови 2019

ARBURG Технолошки денови 2019

3. 4. 2019.
ARBURG Технолошки денови 2019

Ве водиме на Технолошки денови во фабриката на ARBURG веќе 13 години по ред!

Секоја година во март, НОМИС организира посета на фабриката ARBURG, за своите партнери и купувачи. Arburg Технолошките денови во Лосбург (Германија), е најголемиот светски интерен настан што се случува во областа на индустријата за пластика, па и оваа година е одбележан со голем успех.

Повеќе од 6000 гости од 54 земји ширум светот го посетија овој настан, единствен од областа на индустријата за пластика и имаа прилика да ги искусат дигиталните ARBURG решенија, бидејќи главен фокус на настанот беше „Патот на дигитализацијата”.  Со повеќе од 50 изложени машини, заинтересираните купувачи имаа можност да добијат единствен преглед на технологијата на инјектирање (инјекциско бризгање), индустриско адитивно производство и индустријата 4.0.

Својата светска премиера ја доживеа т.н. “АМ фабрика“, Арената на ефикасност со фокус на дигитализацијата и иновативните решенија за автомобилска индустрија, конструкција на лесни делови и медицинска технологија.

Претставените услуги и посетата на фабриката ја пополнија целокупната програма за овогодинешниот настан.

Стручните презентации се достапни за превземање на следните линкови: